Sony Xperia Z5 - Поставки на фотоапаратот

background image

Поставки на фотоапаратот

За да ги приспособите поставките за камерата

1

Активирајте ја камерата.

2

За да се прикажат сите поставки, допрете .

3

Изберете ја поставката што сакате да ја прилагодите, потоа уредете ја по желба.

Преглед на поставките за фотоапаратот

Резолуција

Пред да фотографирате, одберете помеѓу неколку резолуции и размери. Фотографијата со
повисока резолуција бара повеќе меморија.

23MP
5520×4140(4:3)
Резолуција од 23 мегапиксели со размер 4:3. Соодветна за фотографии што сакате да ги прикажувате на екран без
широк приказ или да ги печатите во висока резолуција.

20MP
5984×3366(16:9)
Резолуција од 20 мегапиксели со размер 16:9. Соодветна за фотографии што сакате да ги прикажувате на широк екран.

8MP
3264×2448(4:3)
Резолуција од 8 мегапиксели со размер 4:3. Соодветна за фотографии што сакате да ги прикажувате на екран без широк
приказ или да ги печатите во висока резолуција.

8MP
3840×2160(16:9)
Резолуција од 8 мегапиксели со размер 16:9. Соодветна за фотографии што сакате да ги прикажувате на широк екран.

3MP
2048×1536(4:3)
Резолуција од 3 мегапиксели со размер 4:3. Соодветна за фотографии што сакате да ги прикажувате на екран без широк
приказ или да ги печатите во висока резолуција.

2MP
1920×1080(16:9)
Резолуција од 2 мегапиксели со размер 16:9. Соодветна за фотографии што сакате да ги прикажувате на широк екран.

Автотајмер

Со автотајмерот може да фотографирате без да го држите уредот. Користете ја оваа функција за
да правите авто-портрети или групни фотографии вклучувајќи го секого во фотографијата. Може
исто така да го користите автотајмерот ако сакате да избегнете тресење на камерата кога
фотографирате.

10 сек.
Поставете одложување од 10 секунди при фотографирање од моментот кога ќе го допрете копчето за блендата или ќе го
притиснете копчето за камерата.

3 сек.
Поставете одложување од 3 секунди при фотографирање од моментот кога ќе го допрете копчето за блендата или ќе го
притиснете копчето за камерата.

Исклучено
Фотографијата се прави веднаш штом ќе го допрете копчето за блендата или ќе го притиснете копчето за камерата.

111

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Ефект за фотографирање луѓе

Може да вклучите Ефект на фотогр. луѓе на уредот за да ги направите тоновите на кожата
малку помеки додека правите селфи во режимите на снимање Рачно и Автоматско
оптимизирање
.

Следење објекти

Кога ќе изберете некој објект, така што ќе го допрете во пронаоѓачот на изглед, камерата ќе го
следи за вас.

HDR

Користете ја поставката HDR (High-Dynamic Range) за фотографирање при силно заднинско
светло или во услови на остар контраст. HDR компензира за загубата на детали и произведува
слика којашто добро ги претставува и темните и светлите подрачја.

Оваа поставка е достапна само во режимот на снимање Рачно.

ISO

Можете да го намалите замаглувањето на сликата предизвикано од темните услови или
движењето на предметите со зголемување на ISO-чувствителноста. Исто така, доколку сакате да
направите светла слика дури и во темни услови, може да ја поставите ISO-чувствителноста на
поголема вредност.

Автоматски
Автоматски ја поставува ISO-чувствителноста.

50
Ја поставува ISO-чувствителноста на 50.

100
Ја поставува ISO-чувствителноста на 100.

200
Ја поставува ISO-чувствителноста на 200.

400
Ја поставува ISO-чувствителноста на 400.

800
Ја поставува ISO-чувствителноста на 800.

1600
Ја поставува ISO-чувствителноста на 1600.

3200
Ја поставува ISO-чувствителноста на 3200.

Оваа поставка е достапна само во режимот на снимање Рачно.

Премерување

Оваа функција автоматски одредува добро балансирана експозиција преку мерење на количината
на светлина што паѓа на сликата што сакате да ја направите.

Лице
Ја мери количината на светлина на лицето и ја прилагодува експозицијата, така што лицето да не биде ниту претемно
ниту пресветло.

Повеќе
Ја дели сликата на повеќе подрачја и го мери секое подрачје за да одреди добро балансирана експозиција.

Центар
Го мери центарот на сликата и ја одредува експозицијата во зависност од светлината на предметот.

Точка

112

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Ја прилагодува експозицијата во многу мал дел од сликата што сакате да ја снимите.

Оваа поставка е достапна само во режимот на снимање Рачно.

Блиц

Користете блиц за да фотографирате кога осветлувањето е слабо или кога има светло во
заднината. Следниве опции се достапни кога ќе допрете на иконата за блиц на екранот на
камерата:

Автоматски
Камерата автоматски одредува дали осветлувањето бара користење на блицот.

Вклучен блиц
Користете ја оваа поставка кога заднината е посветла од предметот. Оваа поставка ги отстранува несаканите
темни сенки.

Нам. на ефек. црвени очи
Ја намалува црвената боја на очите при фотографирање.

Исклучено
Блицот е исклучен. Понекогаш квалитетот на фотографијата може да биде подобар без блиц, дури и ако
осветлувањето е слабо. Правењето добра фотографија без да се користи блицот бара мирна рака. Користете
автотајмер за да избегнете замаглени фотографии.

Светилка
Блицот свети постојано додека фотографирате.

Одбирање сцена

Користете ја функцијата за одбирање сцена за брзо поставување на камерата за вообичаените
ситуации, користејќи претходно програмирани сцени. Камерата нуди одредени поставки за
приспособување на одбраната сцена, што обезбедува најдобра можна фотографија.

Исклучено
Функцијата за одбирање сцена е исклучена и може рачно да фотографирате.

Фотографирање луѓе
Фотографирајте портрети со помош на ефектот за подобрена убавина.

Фотографирање предмети
Користете ја за снимање фотографии наспроти мека позадина.

Намал. замаглув. при движ.
Користете ја за намалување на тресењето на камерата при снимање малку темни сцени.

Пејзаж
Користете ја за фотографии на пејзажи. Камерата се фокусира на далечни објекти.

HDR-поправање светло во задн.
Користете ја за подобрување на деталите кај сликите со висок контраст. Вграденото поправање на светлото во
заднина ја анализира сликата и автоматски ја прилагодува за да се постигне совршено осветлена слика.

Ноќен портрет
Користете ја за ноќни портрети или портрети во слабо осветлени средини. Поради долгото време на експозиција,
камерата мора да се држи мирно или да се постави на стабилна површина.

Ноќна сцена
Користете ја при ноќно фотографирање или во слабо осветлени средини. Поради долгото време на експозиција,
камерата мора да се држи мирно или да се постави на стабилна површина.

Ноќно снимање со рака
Користете ја за рачно фотографирање при слабо светло со намалени пречки и замаглување.

Висока чувствителност
Користете ја за фотографирање без блиц во услови со слабо светло. Го намалува замаглувањето.

Храна
Користете ја за снимање храна во светли бои.

Милениче
Користете ја за фотографирање на вашето милениче. Го намалува замаглувањето и црвените очи.

Плажа
Користете ја за фотографирање сцени покрај море или езеро.

113

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Снег
Користете ја во светли средини за да избегнете премногу осветлени фотографии.

Забава
Користете ја за фотографии во затворен простор со слабо осветлување. Оваа сцена го користи заднинското
осветлување од затворениот простор или од свеќите. Поради долгото време на експозиција, камерата мора да
се држи мирно или да се постави на стабилна површина.

Спортови
Користете ја за фотографии на предмети што се движат брзо. Краткото време на експозиција го минимизира
замаглувањето при движење.

Документ
Користете ја за фотографии на текст или цртежи. Фотографијата добива поостар контраст.

Огномет
Користете ја за фотографирање раскошни огномети.

Овие поставки се достапни само во режимот на снимање Рачно.