Кратенки и папки
Користете кратенки и папки за управување со своите апликации и уредно одржување на почетниот
екран.
1
Пристап до апликација со помош на кратенка
2
Пристапете до папки што содржат апликации
Додавање кратенка за апликацијата на почетниот екран
1
Допрете и задржете на празната област на својот Почетен екран.
2
Во менито за приспособување, допрете Елементи > Кратенки.
3
Лизгајте низ списокот и одберете апликација. Одбраната апликација се додава на вашиот
Почетен екран.
Преместување објект на почетниот екран
•
Држете го допрен објектот додека не се одбере, па повлечете го на новата локација.
Отстранување објект од почетниот екран
•
Држете го допрен објектот додека не се одбере, а потоа повлечете го кон Отстрани од
почетен екран во горниот дел од екранот.
Креирање папка на почетниот екран
•
Држете ја допрена иконата или кратенката на апликацијата додека не се одбере, па
повлечете и спуштете ја врз иконата или кратенката на некоја друга апликација.
Додавање ставки во папка на почетниот екран
•
Допрете ја и задржете ја ставката додека уредот не почне да вибрира, па повлечете ја кон
папката.
Промена на името на папка на почетниот екран
1
Допрете ја папката за да ја отворите.
2
Држете ја допрена насловната лента на папката за да се покаже полето Име на
папката.
3
Внесете го името на новата папка и допрете го Готово.